На 26.10.2022 година, во хотелот ЛИМАК во Скопје, на покана на претседателот на ГИ ГЛОБАЛ, Проф. Д-р Иван Анастасовски, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваше како панелист во Дебата 4: „Како до поголема вклученост на лицата со попреченост во спортот“, во рамките на Спортскиот самит „Today’s sports 2022“, заедно со експертите од регионот Проф. Д-р Дамира Вранешиќ Хаџимехмедовиќ од Сараево, Проф Д-р Бојан Јоргиќ од Ниш и Проф Д-р Марко Александровиќ од Ниш, а под модераторство на водителот и спортски новинар, Бошко Тасиќ.
Во една извонредна дискусија, пластични и практични примери за придонесот на науката во селекција и организација на спортот на лицата со попреченост, испреплетена со животни приказни и лични искуства од панелистите, се наметна заклучокот дека непристапната инфраструктура, недоволниот број на стручни кадри, како и недоволното финансирање на ова активност од страна на државата, се основните лимитирачки фактори за недоволната вклученост во спортот на лицата со попреченост во нашата држава, но и во регионот пошироко.
Важна компонента од учеството на претседателот на ПКСМ на овој исклучителен настан е и размената на контакти меѓу панелистите и договор за продолжување на соработката во интерес на развој на моделите за вклученост на лицата со попреченост во спортот.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ