Македонската репрезентација во пинг понг во состав: Страшко Коцевски-селектор, Марјан Зафировски-класа 7, Рубинчо Ристески-класа 8, Тони Митровски-класа 8, Огнен Илиоски-класа 9 и Небојша Ташиќ-класа 9, од 06-07.06.2025 година учествуваа на меѓународниот турнир во пинг понг “Varna Seagull 2025”, на кој учествуваа 40 спортисти од Македонија, Црна Гора, Србија, Романија и Бугарија.
Марјан Зафировски во класа 7, Рубинчо Ристески и Небојша Ташиќ во споени класи 8-9, освоија бронзени медали. Тони Митровски ја помина групата, меѓутоа го загуби четвртфиналниот дуел, а младиот Огнен Илиоски имаше прв настап во сениорска конкуренција, ги загуби и двата дуели но покажа исклучителна борбеност и посветеност, иднината е пред него.
Со репрезентацијата, на покана на претседателот на Параолимпискиот комитет на Бугарија, Илија Лалов, патуваа и претседателот на Параолимпискиот комитет на Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар, Драган Дојчиноски.
Во ова прилика, претседателот Бранимир Јовановски, му врачи спомен плакета на Илија Лалов, претседател на Бугарскиот параолимписки комитет, за долгогодишно пријателство и соработка на поле на развој на спортот на лицата со инвалидност во двете држави.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025
37. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА