На 14 06.2025 година, на стрелиштето “Бејбунар” во Охрид, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа Државно првенство на Македонија во воздушно оружје на кое настапија 23 спортисти со телесен инвалидитет во 3 спортски дисциплини и 11 глуви и наглуви спортисти во 2 дисциплини.
Судии на натпреварот беа: Валентина Гоџовска, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, а средства за спроведување на натпреварот беа обезбедени од Министерство за спорт и Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Првите места по дисциплини ги освоија:
Спортисти со телесен инвалидитет:
Воздушен пиштол СХ1
1.Оливера Наковска Бикова-Битола 559 кругови;
2.Александар Јовановски-Скопје 525 кругови;
3.Ванчо Каранфилов-Скопје 517 кругови.
Воздушна пушка СХ1
1.Бранимир Јовановски-Куманово 311 кругови;
2.Зоран Јовановски-Струмица 286 кругови;
3.Новча Тодоровски-Куманово 279 кругови.
Воздушна пушка СХ2:
1.Игорчо Постолов-Струмица 306 кругови;
2.Наташа Црвенковска-Битола 301 круг;
3.Оливера Наковска Бикова-Битола 295 кругови.
Глуви и наглуви:
Пиштол
1.Дабиел Михајловиќ-Скопје 540 кругови;
2.Светлан Седмаков-Скопје 518 кругови;
3.Антонио Златков- Скопје 498 кругови.
Пушка
1.Светлан Седмаков-Скопје 300 кругови;
2.Милан Ѓорѓевски-Битола 276 кругови;
3.Даниел Михајловиќ-Скопје 261 круг.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
3 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ВАРНА
37. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА