На 26.10.2022 година, во хотелот ЛИМАК во Скопје, на покана на претседателот на ГИ ГЛОБАЛ, Проф. Д-р Иван Анастасовски, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваше како панелист во Дебата 4: „Како до поголема вклученост на лицата со попреченост во спортот“, во рамките на Спортскиот самит „Today’s sports 2022“, заедно со експертите од регионот Проф. Д-р Дамира Вранешиќ Хаџимехмедовиќ од Сараево, Проф Д-р Бојан Јоргиќ од Ниш и Проф Д-р Марко Александровиќ од Ниш, а под модераторство на водителот и спортски новинар, Бошко Тасиќ.
Во една извонредна дискусија, пластични и практични примери за придонесот на науката во селекција и организација на спортот на лицата со попреченост, испреплетена со животни приказни и лични искуства од панелистите, се наметна заклучокот дека непристапната инфраструктура, недоволниот број на стручни кадри, како и недоволното финансирање на ова активност од страна на државата, се основните лимитирачки фактори за недоволната вклученост во спортот на лицата со попреченост во нашата држава, но и во регионот пошироко.
Важна компонента од учеството на претседателот на ПКСМ на овој исклучителен настан е и размената на контакти меѓу панелистите и договор за продолжување на соработката во интерес на развој на моделите за вклученост на лицата со попреченост во спортот.
Поврзани објави
ОДРЖАН ОНЛАЈН КОНФЕРЕНЦИСКИ СОСТАНОК ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИПЦ, ANDREW PARSONS, И НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ
Календар на спортски активности на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија (НФСРИСМ-ПКСМ) за 2024 година
ОДРЖАН ОНЛАЈН СЕМИНАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АКРЕДИТАЦИИ ЗА УЧЕСНИЦИ НА ПОИ ПАРИЗ 2024