Од 03-18.11.2022 година, во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати, се одржува Светското првенство во пара стрелаштво на кое учествуваат и македонските параолимпијци: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски, предводени од нивнот тренер и поранешен параолимпиец Бранимир Јовановски и асистентот и тим лидер, Драган Дојчиноски.
На ова Светско првенство учествуваат 267 стрелци од 54 држави од сите континенти, во 27 спортски дисциплини, што го прави најголемото во историјата.
Ќе бидат поделени 31 директна квота за Париз 2024, од кои 12 во пиштолски дисциплини, каде што настапуваат нашите стрелци.
Прв настап на првенството ќе има Оливера Наковска Бикова на 06.11.2022 година во прецизна стрелба и на 07.11 2022 во брза стрелба во дисциплината П3-Спорт пиштол 25м. Доколку се пласира меѓу првите 8 натпреварувачи, истиот ден ќе настапи и во финалето, а тоа пак би требало да и обезбеди и директна квота за Париз 2024. Во ова дисциплина ќе бидат поделени 3 квоти од кои 1 на првопласира иот натпреварувач без оглед на пол (gender free) и 2 квоти на двете најдобро пласирани жени, под услов да стрелаат над MQS (540 кругови).
Поврзани објави
WSPS GRAND PRIX NOVI SAD 2023
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, РОТЕРДАМ 2023
ПРВО МЕСТО ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРА ПИНГ ПОНГ ТУРНИР ВО ВАРНА „VARNA SEAGULL CUP“