СЕДМО МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, БЕЛГРАД 2018

1Македонските параолимпијци стрелци настапија на Европското првенство со воздрушно оружје што се одржа од 03-07.12.2018 година во Белград. Нашата репрезентација беше во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски (стрелци) и Бранимир Јовановски-тренер. На првенството учествуваа 122 спортисти од 27 држави.
Од македонските стрелци најдобар успех постигна Оливера Наковска Бикова освојувајќи го седмото место во финалето. Претходно, во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Во финалните борби работите не тргнаа како што посакувавме, и мораше да се задоволиме со седмото место. Сепак, влез во финале на голем спортски настан е достоен за почит.


Александар Јовановски постигна свој личен рекорд од 550 кругови и го зазеде 13-то место во конкуренција на 26 натпреварувачи, додека Ванчо Каранфилов со 546 кругови го зазеде 17-то место.
Следен натпревар на нашите параолимпијци треба да биде Светскиот куп во Ал Аин, ОАЕ во февруари 2019 година (доколку обезбедиме средства)