Sport Social Solutions (SSS) во партнерство со Македонскиот Олимписки Комитет, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка и Македонскиот Параолимписки Комитет во рамки на проектот “Фер Игра: Унапредување на родовата еднаквост во спортските политики“, отвора повик за 20 учеснички од Скопје, кои ќе учествуваат на дводневна обука на ден 17ти и 18ти април со цел зајакнување на своите лидерски вештини и проактивно вклучување во спортскиот сектор.
Критериуми за учество:
• Учесничките да бидат вклучени во спортскиот сектор, во профил на спортистка, тренер, судијка, менаџерка, новинарка или на друг начин активно да се вклучени во спортски клуб или федерација;
• Возраст од 18 до 35 години;
• Да покажуваат интерес за развој на лидерски вештини;
• Да покажуваат интерес за унапредување на родовата еднаквост и креирање на еднакви можности за жени и мажи во спортот и спортскиот сектор.
Повикот е отворен до 3ти април (среда) 17.00 часот.
Повеќе информации на линкот
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
ВО ВРСКА СО СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА ПОИ ПАРИЗ 2024
НА ПАТ ЗА ПАРИЗ