НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПОДГОТОВКИ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ СО ИНВАЛИДНОСТ, ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМАТА НА ИПЦ ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ ЗА 2024

Од 05-08.04.2024 година, во Охрид, во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со финансиска поддршка од Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ), од Програмата за развој на Националните параолимписки комитети за 2024 година, беа одржани подготовки на македонските спортисти со инвалидност во атлетика.
Подготовките беа под раководство на селекторот Крсто Серафимовски, а на истите учествуваа:
  1. Елена Давитковска од с.Талишманце, класа Ф56;
  2. Зоран Јовановски од Струмица, класа Ф55;
  3. Златко Арсовски од Делчево, класа Ф55 и
  4. Гоце Миновски од Скопје, класа Ф56.
Подготовките поминаа во работна атмосфера со темпо од два тренинга дневно на кои беше подобрена техниката на изведба на фрлањата во разни фрлачки дисциплини, а завршија со контролен натпревар на кој беа постигнати следните резултати:
Елена Давитковска: копје 9,17м, ѓуле 5,22м и диск 12,28м;
Зоран Јовановски: копје 15,48м, ѓуле 7,42м и диск 17,27м;
Златко Арсовски: копје 13,57м, ѓуле 5,68м и диск 17,16м;
Гоце Миновски: копје 13,58м, ѓуле 5,82м и диск 14,73м;
Тренинзите на нашите спортисти продолжуваат индивидуално во местото на нивните живеалишта.