НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ ПО ПОВОД 6 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА СПОРТОТ

На 06.04.2024  г. во Куманово, во спортската сала на гимназијата “Гоце Делчев”, во организација на ППК “КУМАНОВО”, ОССК и во соорганизација со ССРИ Куманово, а по повод Светскиот ден на спорот 6-ти Април, се одржа меѓународен турнир во пинг-понг.
На турнирот зедоа учество четири екипи: ППК”ТОПСПИН”од Врање, Р Србија, ППК “ПАТРИОТИ” од Велес, ППК “ДЕБАР МААЛО” од Скопје и домаќинот ППК “КУМАНОВО”, како и спортисти со телесен инвалидитет од ССРИ Кисела Вода од Скопје и ССРИ Куманово.
Кај спортисти со телесен инвалидитет редоследот беше следниот:
1-во место Дејан Алексовски од Скопје;
2-ро место Страшко Коцевски од Куманово и
3-то место Ненад Диниќ од Скопје.