Светско првенство во стрелаштво 2010

  • PDF
Во Загреб отворено светското првенство во стрелаштво за лицата со инвалидност

Светско првенство во стрелаштво 2010Под покровителство на Јадранка Косор, Премиер на Хрватската влада, а во организација на Параолимпискиот комитет на Хрватска, минатата ноќ на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб беше одржана церемонијата на свеченото отворање на Светското првенство во стрелаштво за лицата со инвалидност. На церемонијата на отворањето на Светското првенство оваа година во Загреб присуствуваа голем број гости и претставници на градот Загреб, потоа специјалниот пратеник на премиерот и претставници на Меѓународниот Параолимписки Комитет (ИПЦ).

Честа да го носи знамето на Република Македонија овојпат по одлука на селекторот Јовановски и припадна на  Оливера Наковска-Бикова. По кусото дефиле на репрезентациите и интонирање на химната на Република Хрватска, на присутните најпрвин им се обрати Јелена Павичиќ-Вукичевиќ, заменик на Градоначалникот на Загреб, потоа Ратко Ковачиќ – претседател на Хрватскот параолимписки комитет, Сер Филип Крејвен, претседател на Меѓународниот Параолимписки Комитет кој искрено им се заблагодари на организаторите за трудот и големото гостопримството во успешната организација на светското првенство во стрелаштво за лицата со инвалидност. Честа да го отвори првенството ја имаше господин Радован Фукс, министер на Владата на Р. Хрватска.

Светското првенство ќе се одржи од 16-26 јули на стрелиштето Врапчански поток во Загреб. На првенството ќе учествуваат 247 стрелци од 43 држави, вклучувајќи ги и репрезентативците на нашата држава: Бранимир Јовановски, Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска, придружувани од Драган Дојчиноски и Далибор Јовановски.

Во недела е првиот настап во дисциплината спорт пиштол 25 метри. Во поединечна конкуренција се пријавени 41 спортист, додека во екипна конкуренција има пријавено 6 држави.
You are here