I КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО

  • PDF

1Денес, 04.11.2018 године, на стрелиштето во Кисела Вода, во Скопје, во организација н ССРИ Кисела Вода, се одржа првиот Куп (од предвидените три) на Македонија во стрелаштво за спортисти со инвалидност.
Натпреварувачите се натпреваруваа во 3 категории: 
-Воздушен пиштол (микс) меѓународна програма 60 истрели, 
-Сериска воздушна пушка - мажи 20 истрели и 
-Сериска пушка жени, 20 истрели.

Овие натпревари дополнително претставуваат и контролни натпревари кои ќе му послужат на селекторот при избор на репрезентацијата на Македонија за учество на меѓународни првенства, а исто така и бодовите кои ќе ги освојат спортистите, на крајот на Куп натпреварите ќе придонесат во рангирањето на клубовите за финансирање од Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Во фер и коректна атмосфера, беа постигнати следните резултати:

ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ - МИКС (мажи и жени)
1.Александар Јовановски, Скопје 97,86,93,92,95,92= 555
2. Ванчо Каранфилов, Скопје 93,88,92,95,93,91= 552
3.Светлан Седмаков, Скопје 85,85,87,87,91,89=524
4.Нина Пејчиќ, Скопје 95,84,82,83,86,79=509
5. Даниел Михајловиќ, Скопје 88,78,81,88,86,85=506
6. Горан Митровски, Скопје 82,84,85,81,84,87=503
7. Митко Фидановски, Битола 79,87,84,86,81,74=487
8. Михајло Михајлов, Кавадарци 61,69,76,75,78,67=424

ВОЗДУШНА ПУШКА - МАЖИ 
1. Новча Тодоровски, Куманово 82,91=173
2. Зоран Јовановски, Струмица 84,81= 165
3. Васко Стефановски, Битола 76,85= 161
4. Даниел Михајловиќ. Скопје 77,80=157
5. Светлан Седмаков, Скопје 67, 73=140
6. Горан Митровски, Скопје 68,72= 140
7. Стеван Ангелковски, Прилеп 65,71= 136
8. Авдо Исмаилов, Струмица 61,70= 131
9. Ѓорѓи Здравески, Прилеп 67,61= 128
10. Менде Дивјаковски, Битола 65,61= 126

ВОЗДУШНА ПУШКА - ЖЕНИ
1. Елизабета Тодоровска, Куманово 75,83= 158
2. Олга Ристовска, Скопје 42,47= 89
3. Наташа Црвенковска, Битола 19,56=75

Судии: Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов. Комесар на купот Драган Дојчиноски,

Вториот Куп на Македонија во стрелаштво ќе се одржи на истото стрелиште на 10.11.2018 година во организација на ССРИ Куманово.

You are here