ФЕСТИВАЛ НА СПОРТОТ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ЕРАСМУС + ПРОЕКТОТ „CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE“

  • PDF

1Загребачкиот спортски сојуз на лицата со инвалидност на 18.05.2018 година го организираше „Фестивалот на спорт за лица со инвалидност“ на атлетскиот стадион Младост во Загреб. Во присуство на бројни успешни спортисти со инвалидност, бројни параолимпијци - носители на медали од врвни спортски натпревари, како и врвни спортисти без инвалидитет, потоа пред присутните градски авторитети, гостите од партнерските организации на проектот, и пред бројната публика, мега спортската звезда Јаница Костелиќ - повеќекратна олимписка шампионка во скијање, го отвори овој фестивал и им се обрати на спортистите со инвалидност со зборовите: „Не е важно какви пречки ќе се појават пред нас во животот, важно е како ние ќе се поставиме пред нив, а вие сте пример како здраво да се поставиме пред пречките. Ви благодарам што ни го покажувате вистинскиот пат“.

На настанот му претходеше заеднички состанок со партнерите во проектот од Хрватска, Австрија, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонијана кој се дискутираа досегашните сработени обврски, постигнатите ефекти, нотираните проблеми за вклучување на лицата со инвалидност во телесна вежба и спорт, предлог мерките за подобрување на состојбата (ќе бидат објавени во посебна публикација), проблемите со кои како организатори се соочувавме во текот на проектот, и се додефинираа следните активности.

 

You are here