tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820122
СПОРТСКИ ВАУЧЕР 2019

2На 24.10.2018 година, во Клуб на пратеници во Скопје, се одржа работна средба. Главен акцент беше ставен на новиот проект на Владата на Република Македонија насочен кон новиот начин на финансирање во спортот насловен “Спортски ваучер” . На таа тема беше водена расправа по Предлог – критериуми за користење на Ваучер во спортот, како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година. Работниот состанок го водеше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на раководителот на сектор спорт, Др-сци Томислав Андоновски, како и советниците на премиерот Заев, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев. Расправата беше интерактивна, со учество и прибирање на искуства и мислења од претставниците на Националните спортски федерации, особено во делот на новиот начин на финансирање во спортот- Спортски ваучер.

Повеќе...
 
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ

2На 07.10.2018 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа државното првенство на Македонија во пинг понг за лица со инвалидност во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет.
На првенството зедоа учество 23 спортисти со телесен инвалидитет поделени во 4 категории и 8 спортисти со оштетен слух (по 4 во машка и ви женска конкуренција).
За жал, неколку квалитетни спортисти, освојувачи на медали (пред се Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ од Куманово, како и Оливера Наковска-Бикова и Томи Јаневски од Битола)), не учествуваа на натпреварот поради повреди и други причини, но таков е спортот, шансите секогаш ги искористува некој друг спортист.
На првенството, иако во сениорска конкуренција, учествуваа и три млади спортисти (Костадин Николов, Кристијан Божиновски и Ивана Трајкова), стипендисти на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
По исклучително фер и коректна борба, беа постигнати следните резултати по класи:

Повеќе...
 
СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО, CHATEAUROUX, ФРАНЦИЈА

2Македонските параолимпијци од 22-30.09.2018 година учествуваат на Светскиот куп во стрелаштво во Шатору, Франција. Во состав на екипата се:Бранимир Јовановски-тренер и стрелец, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски-стрелци и Драган Дојчиноски тим менаџер и асистент.
Натпреварот е од квалификциски карактер за учество на Параолимписките игри во Токио 2020. На натпреварот учествуваат 232 стрелци од 44 држави од целиот свет. 
Нашите спортисти на 25 септември настапија во дисциплината спорт пиштол на 25 метри во која недостатокот (на пред се доволно, а потоа и квалитетна) муниција си го направија своето, имаше неколку застои, многу нервози и пласманот не е онаков каков што посакувавме и очекувавме да биде.

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 10 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo