НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Натпревар во атлетика во Сарајево, БиХ 2016

Натпревар во атлетика во Сарајево, БиХ

Од 27-29.05.2016 година, во Сарајево БиХ, беа одржани 13-те спортски игри на параплегичари и заболени од детска парализа на кои учествуваше и екипа на Мобилност Македонија во состав: Новча Тодоровски, Елизабета Тодоровска и Савре Бојковиќ. На игрите настапија 120 натпреварувачи од :Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, и домаќинот Босна и Херцеговина кој го претставуваанатпреварувачи од двата кантона, Федерација Босна и Херцеговина и Република Српска.
По сумирање на резултатите во атлетика, најуспешна екипа во машка конкуренција, во женска конкуренција како и во севкупен пласман беше екипата на Зеничко-Добојскиот кантон, за најуспешна натпреварувачка беше прогласена Алма Бајрамовиќ од Унско-Сански кантон (која учествуваше и на нашите спортски игри), а за најуспешен натпреварувач Душан Слана од Словенија.

Најдобрите поединци се закитија со медали и дипломи, а најдобрите екипи со пехари.