НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЗАВРШИ WPA 14. FAZZA DUBAI 2023 GRAND PRIX

Во вечерните часови на 01.03.2023 година, во присуство на скоро 700 учесници од 60 држави на атлетската патека, со голем аплауз до волонтерите и организаторите, како и голема наградна игра организирана за учесниците на настанот, беше спуштена завесата на вториот Гранд При митинг во атлетика годинава кој се одржа во Дубаи.
Благодарение на долгогодишната успешна соработка со Клубот на лицата со решителност од Дубаи, како и поканата и понудената финансиска помош за покривање на трошоците за сместување на нашата делегација во Дубаи, Параолимпискиот комитет на Северна Македонија учествуваше на митингот со двајца спортисти, Гоце Миновски и Елена Давитковска, еден тренер, Крсто Серафимовски, претседателот на комитетот, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Драган Дојчиноски.
Резиме на нашето учество:
-Гоце Миновски е класифициран во класа Ф56;
-Нашите спортисти имаа можност да ги одмерат силити со спортисти од повеќе држави, очигледно спортисти со далеку подобри спортски вредности и перформански, и без оглед на слабите резултати, се здобија со можност да учат, да набљудуваат и да разберат дека само со интензивен, програмиран и пред се редовен програмиран тренинг може да се фати приклучок кон спортската атлетска елита, дека е потребно да вложат далеку повеќе труд и самооткажување за да станат конкурентни со колегите спортисти од другите држави;
-Остваривме повеќе билатерални средби со раководните лица на Клубот од Дубаи, пред се со претседателот на клубот, Тани Јума Берегад, генералниот менаџер и претседател на Азиските параолимписки комитети, Маџит Ал Усеими, со менаџерот за спорт Марван Алхај, заменик директор за спорт Абдула Алфаласи, тренерот по стрелаштво Мохамад и други официјални лица од бордот на Клубот, со Мишел Формонте проект менаџер на Пан амерички параолимписки комитети, на кои ја потенциравме досегашната успешна соработка и надежта дека истата ќе продолжи и во иднина со размена на спортисти, тренери и учество на заеднички кампови;
-Присуствувавме на хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу светските фудбалски ѕвезди и фудбалските ѕвезди од Азија. Беше убаво чувство да се разменат неколку зборови со фудбалските легенди Дунга, Ромарио, Ривалдо, Валтер Волф и други.
« на 2 »