НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ НА „СРБИЈА ОПЕН 2019“ ВО КРУШЕВАЦ

Македонските атлетичари со инвалидност предводени од селекторот Крсто Серафимовски, на 15.09.2019 година во Крушевац, Србија, настапија на меѓународниот натпревар во атлетика „Србија Опен 2019“ кој беше под контрола на ИПЦ одборот за атлетика.

На натпреварот учествуваа спортисти од седум држави: Чешка, Грција, Хрватска, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и домаќинот Србија.

Од нашите спортисти најдобар пласман постигна Гоце Миновски кој во дисциплината копје во споените категории Ф34,53,54,55,56,57 со резултат од 14,64 метри освои 528 поени доволни за 3-то место во конкуренција нан 13 натпреварувачи. Во истата конкуренција, Зоран Јовановски го освои 10-то место со резултат од 15,78 метри или 250 поени, додека Златко Арсовски се пласира на 12-то место со резултат од 15,53 метри или 237 поени. Првото место во оваа дисциплина го зазеде Милош Зариќ од Србија со резултат од 28,45 метри кои му донесоа 910 поени, а второто Атанасиос Георгиадис од Грција со 21,58 метри или 700 поени.

Гоце Миновски освои 3-то место и во дисциплината ѓуле, споени категории мажи Ф53 и 54 и жени Ф55 и 56 во конкуренција на девет натпреварувачи со резултат од 6,59 метри или 618 поени. Првото место го освои параолимпиецот Драженко Митровиќ од Србија со 8,09 метри или 736 поени, а второто Ацо Томашевиќ од Србија со 6,81 метри или 665 поени. Во оваа конкуренција настапи и нашата спортистка Елена Давитковска која со резултат од 4,83 метри или 254 поени го освои 9-то место.

Во дисциплината диск споени групи мажи Ф33-54 и жени Ф55-56, Гоце миновски во конкуренција на девет натпреварувачи го освои 7-то место со резултат од 14,32 метри или 333 поени, додека Елена Давитковска со резултат од 10,60 метри или 169 поени се пласира на деветтото место. Првото место го освои Лазарос Стефанидис од Грција со 27,96 метри или 855 поени, второто Мирослава Оброва од Чешка со 19,80 метри или 833 поени и третото Ивана Петровиќ од Србија со резултат од 16,38 метри или 572 поени.

Елена Давитковска во дисциплината копје жени класи Ф54-56, во конкуренција на девет натпреварувачки го зазеде осмото место со резултат од 9,38 метри или 84 поени. Првото место во оваа дисциплина го освои Ивана Петровиќ од Срвија со резултат од 15,07 метри или 703 поени, второто Мирослава Оброва од Чешка со 15,93 метри или 578 поени додека третото место и припадна на Маја Рајковиќ од Црна Гора со 11,63 метри или 430 поени.

Во дисциплината диск мажи класи Ф54-57, во конкуренција на осум натпреварувачи, Златко Арсовски го зазеде шестото место со резултат од 15,85 метри или 127 поени, додека Зоран Јовановски го зазеде седмото место со резултат од 15,60 метри или 119 поени. Во оваа дисциплина, првото место му припадна на параолимпиецот Небојша Ѓуриќ од Србија со фрлени 37,99 метри или 995 поени, второто на параолимпиецот Драженко Митровиќ од Србија со 29,08 метри или 956 поени, додека третото место го освои Констатинос Цоунис од Грција со 39,55 метри или 895 поени.

Во дисциплината ѓуле мажи споени класи Ф55-57, во конкуренција на десет натпреварувачи, Зоран Јовановски го освои осмото место со резултат од 5,56 метри или 98 поени, додека Златко Арсовски деветото место со резултат од 5,41 метри или 84 поени. Во оваа дисциплина, првото место го освои Милош Зариќ од Србија со 10,70 метри или 869 поени, второто Џевад Панџиќ од БиХ со 10,64 метри или 862 поени, третото Небојша Ѓуриќ од Србија со 9,00 метри или 635 поени.

Дејан Ѓорѓиевски во дисциплината ѓуле споени класи мажи Ф40-42 и жени Ф20,41,46 во конкуренција на осум натпреварувачи со резултат од 8,34 метри или 33 поени го зазеде осмото место. Првото место во оваа дисциплина и припадна на Ана Градечек од Хрватска со 6,55 метри или 870 поени, второто на Владимир Гашпар од Хрватска со 9,04 метри или 752 поени и третото на Евангелиа Зиска од Грција со 10,77 етри или 703 поени.

Во дисциплината диск мажи споени групи Ф11,36,37,4042,46 во конкуренција на десет натпреварувачи, Дејан Ѓорѓиевски го освои седмото место со 25,77 метри или 226 поени, а Никола Пеев осмото место со резултат од 20,30 метри или 109 поени. Првото место во оваа дисциплина го освои Матија Слоуп од Хрватска со поставен нов светски рекорд во класата Ф40 со должина од 27,87 метри или 1069 поени, второто Милош Грабеж од Србија со 36,92 метри или 840 поени и третото Ерик Фабијан Каурин од Хрватска со 42,52 метри или 803 поени.

Во дисциплината ѓуле мажи споени класи Ф11,12,13,36,37,46 во конкуренција на девет натпреварувачи, Никола Пеев го освои седмото место со резултат од 8,47 метри или 159 поени. Првото место во оваа дисциплина го освои Георгиос Вагианопулис од Грција со 12,26 метри или 744 поени, второто Леонтиос Стефанидис од Грција со 12,78 метри или 618 поени и третото Ерик Фабиан Каурин од Хрватска со 12,14 метри или 597 поени.

За оние кои послабо ги знаат пропозициите во овој спорт, заради недостаток на доволен број на натпреварувачи по одделни класи, се спојуваат класите за да се направи група и се применува РАЗА системот на вреднување на резултатите со преведување на должините во освоени поени. Значи, во тој случај не пресудува остварента далечината на фрлањето, туку колку поени за соодветната категорија на спортистот му носи таа должина. Секако, спортистите со потежок инвалидитет добиваат повеќе поени за иста должина на фрлање. Тоа се светски признаени критериуми кои се применуваат во овој спорт.