На 20.09.2020 година во Охрид на спортските терени на комплекстот „Биљанини Извори“, се одржа Државно првенство во атлетски повеќебој за спортисти со инвалидност, во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македоникја и соорганизација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.
На натпреварот настапија најуспешните натпреварувачи од минатата година, по повик, бидејќи во услови на епидемија од КОВИД-19 беше тешко да се одржат квалификациски натпревари. Исто така, организаторите објавија протокол за безбедни мерки за одржување на натпревари во атлетика, а натпреварот беше реализиран во духот на пропишаните мерки.
Првите места во своите категории ги освоија следните натпреварувачи:
Жени класи 54-57
1.Елена Давитковска – Куманово
2.Орхидеја Срезоска – Гевгелија
3.Љубица Боевска – Струмица
Жени класи 37, 42-46 и општа
1.Нада Цветковска – Куманово
2.Силвана Трајковска – Скопје
3.Росана Ефремова – Скопје
Мажи класи 36-38, 42-44 и општа
1.Никола Пеев – Гевгелија
2.Александар Талески – Гевгелија
3.Ристе Станкоски – Велес
Мажи 53-57
1.Гоце Миновски – Скопје
2.Зоран Јовановски – Струмица
3.Златко Арсовски – Кочани
Слепи и слабовидни класи Ф11-13
1.Ифраим Љута – Тетово
2. Сејди Синани – Струга
3.Муарем Песочани – Струга
Глуви и наглуви – мажи
1.Бурхан Махмудовски – Куманово
2.Васко Марков – Скопје
3.Мустафа Бекировски – Куманово
Глуви и наглуви – жени
1.Маја Маркова – Скопје
На натпреварот присуствуваше и селекторот на репрезентацијата, Крсто Серафимовски.
Поврзани објави
ЗАВРШИ WPA 14. FAZZA DUBAI 2023 GRAND PRIX
WPA 14. Fazza Dubai 2023 Grand Prix – ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН
WPA 14. Fazza Dubai 2023 Grand Prix – ТРЕТ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН