Ифаим Љута ќе учествува на 4-ти Светски игри за слепи и слабовидни во Анталија
Кандидатот на Македонскиот параолимписки комитет за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012, слабовидниот атлетичар Ифраим Љута и неговиот тренер, воедно и селектор на репрезентацијата Крсто Серафимовски, ќе учествуваат на 4-те Светски игри на ИБСА (International Blind Sports Association) кои ќе се одржат во Анталија, Турција од 01-10.04.2011 година.
Селекторот планира да го пријави атлетичарот Ифраим Љута за настап во спринтерските дисциплини на 200м и 400м во класата Т-13.
Настапот на ова првенство е можност Ифраим Љута да освои норма за учество на следните параолимписки игри. За да ја исполни задачата, Ифраим ќе мора да истрча во голем стил и во недостаток на минимум норми (се уште не се објавени) ќе мора да постигне резултати подобри отколку нормите по дисциплини кои важеа за Пекинг 2008 и тоа:
200м – А норма 23,30 или Б норма 23,90 секунди
400м – А норма 52,00 или Б норма 55,00 секунди
![]() |
![]() |
Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА 2021
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТСКИ ПОВЕЌЕБОЈ 2020
ПРОТОКОЛ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД „ COVID-19 „ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА АТЛЕТСКИ НАТПРЕВАРИ