Македонскиот стрелец Александар Јовановски, во придружба на асистентот Драган Дојчиноски, од 30.08-02.09.2023 година учествуваше на Гранд При натпреварот во стрелаштво пара спорт во Нови Сад, Србија.
Целта на настап на ова првенство беше да се постигне резултат од најмалку 500 кругови во дисциплината МК пиштол слободен избор 50 метри, што всушност претставува минимум скор за настап во оваа дисциплина на Светското првенство во Лима 19-29.09.2023 година.
На натпреварот кој се одржа на 02.09.2023 година, Александар успеа да се избори со сите предизвици и да стрела резултат од 502 круга, по серии 84, 91, 82, 85, 81, 79, што поред нормата му овозможи и настап во финалето, во кое за жал испадна веќе по 12 истрели и го освои 8-то место. Секако, честитки за постигнатиот резултат од 502 кругови (MQS).
Претходно во дисциплината Воздушен пиштол 10 метри, со резултат од 535 кругови Александар влезе во финалето каде по исстрелани 14 истрели го заврши натпреварот на конечното 7-мо место, а во дисциплината Спорт пиштол 25 метри имаше симболичен настап.
Успешно завршена задача од нашиот стрелец Александар Јовановски, на која и претходеа бројни тренинзи на стрелиштето Камник во Скопје со неговиот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Горан Миладинов.
Сега претстои период на подготовки за настап на Светското првенство во Лима, Перу, на кое Александар ќе се бори за освојување на една од директните квоти за настап на Параолимписките игри во Париз 2024 година.
Поврзани објави
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, РОТЕРДАМ 2023
ПРВО МЕСТО ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРА ПИНГ ПОНГ ТУРНИР ВО ВАРНА „VARNA SEAGULL CUP“
СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО, ОСИЈЕК 2023