НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, ЛИМА, ПЕРУ 19-29.09.2023

Македонскиот спортист Александар Јовановски, придружуван од неговиот тренер, Бранимир Јовановски и асистентот и тим лидер, Драган Дојчиноски, од 19-29.09.2023 година учествува на Светско првенство во стрелаштво пара спорт што се одржува во Лима, Перу, на кое учествуваат 260 спортисти од 54 држави.
Александар во квалификацискиот период годинава постигна минимум норми за настап во 2 дисциплини и тоа на 24.09.2023 во 16:00 часот по македонско време во дисциплината П4- 50 метри пиштол слободен избор, и на 27.09.2023 во дисциплината П1-воздушен пиштол мажи на 10 метри.
Линкови за следење на натпреварите веќе овјавивме, а на овој престижен натпревар се доделуваат 33 директни квоти за учество на Параолимписките игри во Париз 2024 година од кои 12 во пиштолски дисциплини.