НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, РОТЕРДАМ 2023

ОЛИВЕРА Н.БИКОВА 8-МА ВО ФИНАЛЕТО НА ЕП ВО СТРЕЛАШТВО, АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ НА 20-ТО МЕСТО
Оливера Наковска Бикова со резултат од 561 круг, како четрвртопласирана влезе во финалето на Европското првенство во Ротердам. Финалето во кое осумте најдобри се бореа за трофеите започна во 16:45 часот.
За жал, Оливера по 12 истрели прва го напушти борилиштето и го освои конечното 8-мо место.
Во машка конкуренција, Александар Јовановски во квалификациите го освои 20-то место со резултат од 538 кругови.