-8. МЕСТО П2-ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ 10М,
-8. МЕСТО П3-СПОРТ ПИШТОЛ 25М,
-17. МЕСТО П4-ПИШТОЛ СЛОБОДЕН ИЗБОР 50М
По освоените осми места во финалињата на 10м и на 25м, на 04.09.2024 година Оливера Наковска Бикова го освои 17. место од 29 натпреварувачи во последната дисциплина во која настапи на Параолимписките игри Париз 2024, П4-Пиштол слободен избор 50 метри со добар резултат од 526 кругови.
Беше магливо утро, студено, пиштолот на Оливера испалуваше на секој втор куршум, ништо не ни беше погодено како треба, на стартот во првата серија Оливера имаше неколку грешки, подоцна влезе во ритам, меѓутоа нервозата од неиспалените куршуми кои беа во се поголем број, се повеќе и го одземаа времето за настап и снагата за кревање на пиштолот, а за фокусот на изведба на истрел и да не правиме муабет. На крајот, миксот на несакани работи придонесе конечниот пласман во ова дисцјплина да биде каков што е.
Искрено очекувавме уште едно финале на Оливера, хет-трик, уште една можност за борба за медал, оти токму во ова дисциплина пред 2 години таа стана светска шампионка и ја освои квотата за учество на игрите во Париз 2024, но за жал, за само 7 кругови таа желба не ни се исполни.
Како личен тренер на Оливера и како претседател на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, сакам да и упатам честитки на Оливера за нејзината упорност, бескомпромисна борбеност и храбро и достојно презентирање на Македонија на игрите, не само на овој натпревар, туку и за време на сите нејзини настапи во другите дисциплини во кои настапи, како и на официјалните и неофицијалните тренинзи.
Честитки и до целиот параолимписки тим, шефот на мисија Драган Дојчиноски и д-р Елвис Алексовски, за севкупната поддршка и грижа се да помине во најдобар ред.
Благодарност до медиумите кои афирмативно известуваа за настапите на Оливера.
Благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Министерството за спорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои се потрудија да се подготвиме и заминеме на игрите во Париз 2024.
Благодарност до продавницата за спортска опрема “ЛОМА СПОРТ” од Скопје и Т.Д.П.У.П. “АТИЛА” кои помогнаа во опремувањето на тимот за учество на игрите.
А медалот, па медалот ќе го освоиме набргу, на некое друго, следно првенство.
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО