На покана на Проф. д-р Марко Александровиќ, генерален секретар на Балканската лига во кошарка во колички, претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски и кошаркарскиот тренер, Саша Димитриевиќ, на 24 и 25.03.2023 година, во Ниш, учествуваа на техничкиот состанок за поддршка на активностите на нашиот комитет за развој на спортот, кошарка во колици.
На техничкиот состанок присуствуваа и претседателот на Балканската лига во кошарка во колици, Владимир Искров од Софија, Бугарија, претседателот на ККК Наис, Дејан Шимандли, проф. Миљан Хаџовиќ од Ниш, како и претставници на КК ОСИ Парамонт од Подгорица, ККК Бијељина од Бијељина, БКХУ Левски од Софија и ККК Наис од Ниш.
По исцрпна дискусија и повеќе добронамерни совети за насоките во кои треба да се движиме и споделени искуства од присутните, за нашиот кошаркарски тим во колици кој е во формирање добивме и директна донација пренесена од страна на претставникот на ККК Бијељина, Борис Цвјетковиќ, една користена количка за кошарка наменета за играчи со висока торакална повреда на р’бетниот столб која ни ја донира ККК „ИБАР“ од Рожае, а имаше најава за добивање на уште една количка од друг клуб, но за тоа во друга прилика доколку се конкретизира информацијата. Му се заблагодаруваме на ККК „ИБАР“ од Рожае за донацијата и конкретната помош која треба да се реализира до крајот на месец април годинава.
Сакам да искажам голема благодарност до Проф. д-р Марко Александровиќ, најнапред за поканата да присуствуваме на настанот, за организираниот технички состанок, модерирањето на истиот, но и за топлото гостопримството и посветеното внимание за време на нашиот престој во Ниш. Професоре, се надеваме дека следната наша средба ќе биде во Скопје.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024