НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

САМИТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИТЕ КОМИТЕТИ НА ЈУГО ИСТОЧНА ЕВРОПА

Од 12-15.03.2023, во Комотини, Грција, беше одржан Самит на Параолимписките комитети на Југо Источна Европа, на кој учествуваа претседателите и генералните секретари на комитетите од: Хрватска, Србиа, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Кипар и Израел.
За време на претстојот во Комотини, имавме можност да се дружиме со младите пингпонгари, да ги споделиме со нив нашите искуства како поранешни спортисти и освојувачи на медали од Параолимписки игри, да придонесеме во граденје на нивно меѓусебно пријателство, респект и фер однос према спортот и колегите спортисти.
На 13 и 14 март се одржаа неколку работни состаноци со претставниците од наведените комитети, а на крајот на одржувањето на Самитот, во Градската библиотека во Комотини, во присуство на претставниците на медиумите и градоначалникот на Комотини, беше потпишан Договор за спортска соработка кој вклучува повеќе полиња на заеднички интерес, пред се размена на знаења и искуства за зајакнување на самите институции и развој на параолимпиското движење.
Беше договорено Параолимписките Комитети, потписници на овој Договор, да соработуваат на полето на развојот на параолимпискиот спорт, истражувања кои се однесуваат на едукација и инклузија на младите лица со инвалидност низ спортот, развој на програми за промоција на параолимпискиот спорт, развој на програми за размена на искуства и знаења од спортисти и тренери, анти-допинг програми, едукација на регионални класификатори по одделни спортови, промоција на параолимпискиот спорт и посебна грижа за вклучување на младите лица со инвалидност и жените со инвалидност во спортот.
Самитот се одржа во организација на Параолимпискиот комитет на Грција, кој беше претставен од претседателот, Георгиос Капелакис. Тој се заблагодари за големиот одзив и присуство на претставници од поканетите параолимписките комитети, и ја истакна заложбата идната година на ова наша заедничка платформа да се приклучат и останатите комитети од овој регион на Европа.
Гости на самитот беа претставниците на Параолимпискиот комитет на Косово.