НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА

На покана на Параолимписките комитети на Грција и на Хрватска, нашиот млад и перспективен пингпонгар, нашиот млад стипендист, дванаесет годишниот Огнен Илиески од Прилеп, во придружба на неговата мајка Мариче Илиеска, како асистент, учествуваа на тридневен камп во Комотини, Грција заедно со четириесетина други млади пингпонгари од државите од Југо Источниот регион на Европа во рамките на проектот See You Youth Parasport, размена на млади спортисти од Југо Источниот регион на Европа.
Во пријатна атмосфера, каде поред играта и тренинзите, се склучија и многу познанства меѓу младите спотисти од разни држави, кои сигурно еден ден ќе преминат во другарство, Огнен достојно го претстави нашиот комитет и се стекна со нови искуства, знаења и пријателства, кои ќе му помогнат и ќе му дадат дополнителен мотив да го интензивира тренингот и да ја продолжи поуспешно неговата кариера која е на самиот почеток.
За време на кампот, неговата мајка Мариче Илиеска го следеше почетниот курс за тренери и едукатори.
Се надеваме дека можност за учество на вакви настани ќе имаме и во иднина, благодарение на добрите пријателски односи кои ги изградивме со параолимписките комитети од опкружувањето во заедничката соработка низ годините наназад.