НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ВИРТУЕЛЕН КАФЕ СОСТАНОК НА ЕВРОПСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ И МЕДИТЕРАНСКИОТ СУБРЕГИОН

На 19.02.2021 година, на покана на Европскиот Параолимписки Комитет (ЕПЦ), како претставник на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, учествував на виртуелен кафе состанок на кој учествуваа претседатели, секретари и други официјални лица од дваесетина параолимписки комитети од Југоисточниот и Медитеранскиот субрегион на ЕПЦ. Состанокот го водеа претседателот на ЕПЦ, Terje Jentoft Roel и потпретседателот на ЕПЦ, Åsa Linares Norlin.
Агендата на настанот беше:
– Актуелната ситуација со Ковид-19, во релација со Параолимписките игри Токио 2020;
– Како НПЦ се подготвуваат за Параолимпијадата во однос на квалификациите, изборот на спортистите и друго;
– Новата иднина на пара спортот по Ковид 19;
– Размена на искуства – добрите практики од државите во врска со справување со Ковид-19;
Истакнав дека состојбата со пандемијата од Ковид-19, помалку или повеќе е слична во државите од регионот и пошироко. Некако чинам дека ситуацијата кај нас е сериозно тешка, бидејќи ние, како Параолимписки комитет, располагаме со многу низок буџет на средства за спроведување на тренажен процес и учество на натпревари на нашите спортисти, дека вакцинацијата против корона вирусот се уште не е започната на државно ниво и за разлика од другите држави кои го пренесоа искуството дека нивните тимови веќе се вакцинирани или во најскоро време очекуваат да бидат ставени на приоритетната листа за вакцинација, ние таа можност во моментов ја немаме, но ќе се обратиме до Министерството за здравство со такво барање. Параолимпискиот комитет се наоѓа на страшни маки во однос на обезбедување на услови на топ спортистите за непречен тренинг во вакви услови, како и преземање на ризици за учество на меѓународни натпревари на кои според моменталните контрамерките пропишани од организаторите на настаните, во случај на позитивен резултат кај некој од нашите членови на екипа, тој/таа, ако не и целиот тим треба да биде во карантин или хоспитализиран на сопствен трошок !!? Ова непредвидена ситуација може да биде доста скапа и тешко е прифатливо за нас, но ќе се обидеме ова прашање да го разработиме со осигурителните компании, како можност при вадењето на патничкото осигурување, да ги покријат и ваквите евентуални трошоци. Од друга страна, како држава надвор од ЕУ, во моментов ни е ограничен влез во државите членки на ЕУ, така што учество на одредени спортски настани од наши спортисти во моментов се чини скоро невозможно.