TOKYO 2020 PARALYMPIC GAMES SHOOTING RANGE BRIEF INFORMATION
Олимпиското и параолимпиското стрелиште во Токио 2020 е стрелиштето Асака, лоцирано во префектурата Саитама, северозападно од Токио. Стрелиштето е привремена градба и се наоѓа на полигон за воени обуки во непосредна близина на касарните на Јапонските копнени сили за самоодбрана, и ќе биде вратено на Јапонските копнени сили за самоодбрана по игрите во првобитна состојба, со отстранети сите структури и објекти.
Општо земено, стрелиштето е како огледало на онаа од Лондон 2012 година и оние кои учествуваа на игрите во Лондон, ќе препознаат слична конфигурација и организација на објектите и на целокупното место на одржување. Истата британска компанија која го конструираше стрелиштето на Кралската артилериска касарна во Лондон, го дизајнираше и изгради стрелиштето во Асака. Стрелиштето е компактно, а растојанијата за пешачење внатре меѓу објектите се многу кратки.
Сите сали за настап во дисциплините пушка и пиштол на 10, 25 и 50 метри, како и местата за пресоблекување, престој и одмор на спортистите ќе бидат климатизирани со програмирана температура од 26С и влажност на воздухот од 50%.
а) Комбинираното стрелиште за пушка и пиштол, за квалификации на 10 и 50 метри, ќе има 60 стрелачки места, како и 3 батерии за дисциплината Спорт пиштол 25 метри (или вкупно 15 мети) поставени на десното крило на стрелиштето кои ќе служат за сув тренинг и загревање. Параолимписките натпреварувања во стрелаштво ќе се одржат по следниот редослед:
-најнапред натпреварите на 10м,
-потоа на 25м
-и на крај на 50м.
б) Финална сала за дисциплините во пушка и пиштол, ќе биде комбинирана сала на која воедно ќе се одржат и натпреварите во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри. Ова е за првпат да се користи ваков систем на комбинирани дисциплини во една сала на било кои Олимписки или Параолимписки игри. Во квалификации на дисциплината спорт пиштол 25 метри, ќе се користат 5 батерии со по 5 мети од SIUS.
Во финалето пак, ќе има вообичаена низа од 10 електронски стрелачки места за дисциплините во пушка и пиштол на 10 и 50 метри, односно 3 батерии (по 5 мети) за финалето во дисциплината Спорт пиштол 25 метри.
Сите мети и системи на стрелиштата, за сите стрелачки дисциплини од програмата на Олимписките и Параолимписките игри ќе користат SIUS AG хибридни мети, со придружни монитори и табли за објавување на резултати, како што е и вообичаено на сите големи меѓународни настани.
Стрелиштето во Асака се наоѓа на околу 40 километри од олимпиското село и до него се патува околу еден час. Превоз на спортистите и официјалните лица ќе биде обезбеден од олимпиското село до местото на одржување, на дневна шатл-основа, како за неофицијални и официјални тренинзи, така и за сите натпреварувања.
Висината на центарот на метите во дисциплините на 50 метри ќе биде поставена на висина од 750 mm од нивото на земјата, што е во согласност со правилата и толеранциите на ISSF.
Јачината на светлото на огнената линија се планира на околу 1.000 лукс, на 10 метарското стрелиште целото стрелиште се планира да биде осветлено со 800-1000 лукси, додека светлото на метите ќе биде во согласност со правилата на ИССФ, 1.800 лукси.
На 50 метарското стрелиште се планираат околу 1.500 лукси на мета (плус природната светлина). Светилките на мети на 50 метри се поставени под покриениот дел за метите и нема да има вертикално или хоризонтално засенчување на метите во ниеден момент или период од денот.
Салата за финалиња вклучува:
-просторија за повик на спортистите,
-просторија за контрола на опрема и оружје,
-како и просторија за загревање на спортистите пред финалето.
Растојанието помеѓу стрелиштата за квалификации и салата за финалиња, од аспект на пешачење, е околу 150 метри, или пет минути пешачење со опрема.
Треба да бидете потполно свесни за строгите правила и прописи за внес на огнено оружје и муниција што ќе се бараат од учесниците, според јапонските закони. Има доста административни барања при подготвување и пополнување на разни формулари и барања за одобренија за внес на оружје за учество на самите Параолимписки игри. Затоа, тимовите треба да ги следат упатствата за огнено оружје и муниција доставени до националните параолимписки комитети. Ажурираната верзија на упатството, по одложувањето на игрите минатата година, ќе биде достапна во март 2021 година.
Според јапонските закони, еден спортист не смее да поседува повеќе од 800 малокалибарска куршуми. Другите учесници, спортисти, тренери или членови на тимот не смеат да увезуваат муниција во име на друг спортист. Ова за некои спортисти ќе биде ограничувачка одлука, во однос на тоа како се практикува во други земји.
За да се ублажи недостатокот од потребна муниција која може да предизвика одредени нелагодности кај спортистите, тимовите ќе имаат можност да увезат муниција карго, како вообичаен трговски бизнис, преку назначен агент од Токио или Јапонија. Агентот за прием / дистрибутер во Јапонија треба да го контактира назначениот договорувач за муниција за Токио 2020, Гинза Ганс ДОО, за детали за внес и пренесување на муницијата и нејзино безбедно складирање. Назначениот дистрибутер ќе биде присутен на стрелиштето за цело време на одржување на игрите и ќе управува со снабдувањето со муниција на спортистите на дневна основа, како што се бара согласно законот.
Климатските услови во Токио во јули и август ќе бидат многу жешки и влажни. Последните две години во Асака се забележани температури од околу 40-45 степени и влажност на воздухот од 100%. Ова треба да се земе во предвид за време на подготовките на тимовите. Планирано е ублажување на ова состојба преку климатизација на сите објекти и борилишта, вклучувајќи ги и сместувачките капацитети во олимпиското село.
Изгрејсонцето е просечно околу 07:00, самрак во 17:30, до потполна темница во 18:30.
Брзината на ветерот во јули и август е умерена.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО