НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДРЖАН ВЕБИНАР НА ТОКИО 2020 СО ШЕФОВИТЕ НА МИСИИ ВО ВРСКА СО ОБЈАВЕНИТЕ ПЛЕЈБУК МАТЕРИЈАЛИ

На 09.02.2021 година се одржа вебинар помеѓу Токио 2020 и Шефовите на мисии на тимовите кои ќе учествуваат на Параолимписките игри годинава. Параолимпискиот комитет на Северна Македонија на вебинарот го претставуваше претседателот, Бранимир Јовановски.
Беа презентирани очекиваните задолжителни мерки кон кои мора да се придржуваат сите учесници на игрите, нбез оглед на тоа дали се или не се вакцинирани, дали прележале или не прележале ковид-19, бидејќи секое непочитување на мерките би значело и можна дисквалификација од игрите и најитно заминување од олимпиското село.
Некои од дискусиите и објавените мерки беа:
1.Учесниците на Параолимписките игри ќе треба да се инсталираат СОСОА Апп на телефоните и 14 дена пред заминување за Токио да мерат температура и да ја внесуваат во системот;
2.На пристигнување треба да се понесе ПЦР тест стар најмногу 72часа, а веднаш по пристигнување на аеродромот или во олимпиското село веднаш им се прави нов тест и доколку тестот е негативен, на секои 4 дена ќе бидат подложени на ново тестирање на повик од апликацијата, или од лице назначено од организаторот;
3.Тимовите можат да пристигнат во Токио 5-7 дена предодржување на првата дисциплина, и да заминат најдоцна 48 сати по одржување на последната дисциплина, и тоа спортистот и другите официјални лица врзани со таа дисциплина (се мисли на тренери, помошници, тренинг партнери и сл.). Исклучок од ова правило се знаменосците на церемониите на отварање и затворање на игрите, лицата кои мора да патуваат со соодветна придружба, доколку спортистот му е тренинг партнер на друг спортист кој се уште се натпреварува и сл.;
4.Последниот тест на заминуванје си го плаќа НПЦ, а го прави според стандарди кои ги бараат државите низ кои патуваат во транзит;
5.Во случај на позитивен тест следува изолација, карантин или хоспитализација, зависи од медицинските авторитети. На сите кои биле во близок контакт задолжителен тест. Тестовите за време на игрите се на терет на Токио 2020. За “близок контакт” се смета доколку лицето било во контакт со инфицираното лице повеќе од 15 минути (значи сите од тимот најмалку);
6. Учесниците сами си обезбедуваат маски по СЗО стандарди, доволно за целиот престој. На маските може да има само национални обележја, никако спонзори и сл. Маските се носат за време на целиот престој и може да се тргнат од лице само доколку разговарате со некој кој чита од усни, за време на давање на интервју или ако мора да слушне чиста разговетна изјава, за време на тренинг или меч, и веднаш потоа мора да се стави на лице;
7. Ќе претстојат многу пополнувањаа на планови, образци, а мозно е и дневни листи со сатници за одење до стрелиште и назад, време на задржување таму и сл. а ќе се ограничи и минимален број на лица кои можат да бидат присутни на борилиштата, односно само оние од кои има потреба да бидат таму;
8.За време на церемониите на прогласување на победниците, само претставници од НПЦ од освојувачите на медали ќе бидат присутни. Нема ракување, или било каков телесен контакт меѓу освојувачите на медалите и присутните. само поздрав со климање со глава или било каков друг бесконтактен поздрав. Церемонијата на прогласување ќе трае 10-тина минути.
9.Ќе биде лимитиран бројот на учесници на церемониите на отварање и затворање на игрите, поред знаменосецот од државата.
10.Сега за сега се планира да нема посета на туристички места, барови, ресторани, а ќе биде лимитирана максимално и дневната посета во олимпиското село. Меѓутоа во апдејтот на плејбукот во април подетално ќе бидат опишани местата на кои ќе биде дозволено движење и пристап;
11. Неизвесно е како и што ќе се случи во случај на позитивен тест на некој учесник, во смисол на патување назад по завршениот третман. Веројатно ќе мора да се купува нов билет во еден правец на сметка на НПЦ, меѓутоа дали и каде би можело да остане лице придрузник!!?
Во секој случај, очекуваме повеќе попрецизни детали во април, а особено во конечната верзија во јуни 2021.