НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ВЕБИНАР НА ТОКИОТ 2020 СО КОВИД-19 ОФИЦЕРИ ЗА ВРСКА ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ (НПЦ)

Денес, 20.04.2021 година, се одржа онлајн работен состанок на Токио 2020 тимот за поддршка на НПЦ, со назначените КОВИД-19 офицери за врска, кои во март месец ги назначија Националните параолимписки момитети. Претходно беа добиени два прирачника, за кои се очекува апдејт во месец мај.
Она што е важно да се истакне е дека овие лица ќе имаат многу задолженија и дневни обврски, но организаторот сепак не дозволи дополнителна акридетација, така да ова функција мора да ја обавува некој од веќе квалификуваните членови на тимот, поред обврските кои веќе ги има во состав на репрезентацијата.
Она што е важно да се каже за обврските и одговорностите на ова лице (КОВИД-19 офицер за врска) е дека ќе мора 14 дена пред заминувањето на екипата за Токио, потоа за цело време на престојот на екипата во Јапан, како и на враќањето кон дома, да комуницира со здравствените авторитети од јапонската влада задолжени за спречување на ширење на ковид вирусот.
Имено, накусо овие лица ќе мора да:
-Ги запознат сите членови на својот тим со контра мерките за спречување од ширење на КОВИД-19, согласно пропишаните критериуми од јапонските власти;
-Да се погрижат сите членови на тимот да инсталираат две апликации на своите мобилни телефони, и тоа Апликација за следење на здравствената состојба, на која ќе мора секојдневно да мерат температура и да ја впишуваат во системот започнувајќи 14 дена пред заминувањето за Јапан;
-да обезбедат за сите членови од екипата негативен сертификат за направен ПЦР тест од референтна лабораторија најмногу 72 часа пред заминувањето за Јапан;
-Инсталирање на апликацијата COCOA (КОКОА) која автоматски ги следи евентуалните блиски контакти (преку блутут конекцијата) кои ги имало лицето кај кое евентуално ќе се појави позитивен тест и автоматски ги пријавува на јапонските власти;
-Да обезбеди тестирање на сите учесници по слетувањето на аеродром во Токио, и потоа да организира брзо напуштање на аеродромската зграда без задржување по продавници и други објекти, односно веднаш излез до автобускиот превоз и превоз на екипата со обезбедениот транспорт до олимпиското село;
-Да организира тестирање на сите членови на тимот на секои 4 дена во олимпиското село, и доколку некој излезе позитивен, да соработува со јапонските здравствени авторитети за ставање во карантин на тоа лице и на сите оние со кои според КОКОА апликацијата биле во близок контакт, а потоа јапонските здравствени власти ќе одлучат, во зависност од здравствената состојба на лицето, дали само ќе се изолира или пак и хоспитализира. Трошоците паѓаат на терет на јапонската влада;
-Да пополни „Распоред на дневни активности“ на членовите на тимот и да ги прикачи на апликациите;
-Да обезбеди тестирање на членовуте на екипата најмногу 2 дена пред заминувањето за назад;
-И уште многу други обврски, а се со цел минимализирање на ризикот од инфекција од вирусот на КОВИД-19.