Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) во четвртокот (25 март) објави дека досега се доделени 62 проценти од квотите за учество на Параолимписките игри во Токио 2020 година.
До денес се доделени 2.710 квоти на 96 национални параолимписки комитети (НПК). Уште 1.690 квоти треба да бидат доделени за игрите.
Шест спортови – боќање, коњички спортови, фудбал 5-а, кошарка во колички и рагби во колички – веќе ги доделија сите свои квоти. Во седечка одбојка и пливање, 94% од квотите се доделени и останува само доделување на бипартитните квоти.
Единаесет директни квалификациски наторевари треба да се одржат од сега до јуни 2021 година во повеќе спортови, додека рангирањето на светските листи во осум спортови, што одредуваат директни квоти ќе се затвори помеѓу 1 април и 15 јули.
Јирген Падберг, Сениор менаџер на ИПЦ за параолимписки игри, рече: „На уште нешто повеќе од 150 дена до Параолимпијадата во Токио 2020 година, ние сме во добра позиција во однос на квалификациите за Игрите и покрај влијанието на КОВИД-19 на спортскиот календар.
„Во последните месеци се одржаа голем број на пара-спортски настани кои обезбедија квоти за Токио 2020 година и се планираат уште неколку во следните месеци.
„Ние немаме илузии дека пандемијата може да влијае на претстојните настани и сме во близок и редовен контакт со сите меѓународни федерации во врска со понатамошните измени што можеби ќе треба да се направат во критериумите за квалификација доколку е потребно“.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО