НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СЕДУМКРАТНАТА ОЛИМПИЈКА, ХАШИМОТО СЕИКО, Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТОКИО 2020

На 19.02.2021 година, главниот извршен директор на Токио 2020, Тоширо Муто, го објави именувањето на новиот претседател на Орханизацискиот одбор за организација на летните Олимписки и Параолимписки игри, седумкратната олимпијка, Хашимото Сеико, со следново обраќање до националните олимписки и параолимписки комитети:
„Почитувани национални параолимписки комитети,
Би сакал да ја искажам мојата искрена благодарност за вашата постојана поддршка во подготовките за игрите во Токио 2020 година.
На 12 февруари, на состанокот на членови на Советот и Извршниот одбор, претседателот Мори ја објави својата одлука да се повлече од неговата позиција како претседател на Организациониот комитет Токио 2020 година. Следствено, Токио 2020 навремено формираше Комитет за избор на кандидати составен од осум членови на Извршниот одбор, кои ја презедоа улогата на преглед и избор на кандидати за наследник на претседателот Мори. По тридневен состанок, Организациониот одбор на Токио 2020 година денес одржа состанок на Извршниот одбор во согласност со актите на асоцијацијата и по извештајот на Комитетот за избор на кандидати, ХАШИМОТО Сеико беше избрана за нов претседател на Организациониот комитет на Токио 2020.
ХАШИМОТО Сеико е легендарна олимпијка, која учествувала на вкупно седум олимписки игри (летни и зимски). Таа има освоено бронзен медал во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во 1992 година во Албертвил, и по пензионирањето, како врвен спортист, таа презеде улоги како потпретседател и претседател на Спортскиот комитет на Јапонскиот олимписки комитет и член на Извршниот одбор на организациониот комитет Токио 2020 година. Од септември 2019 година, таа е Министер за Олимписките и Параолимписките игри во Токио, Министер задолжен за зајакнување на жените и државен Министер за родова еднаквост.
На малку повеќе од пет месеци до Игрите, и во оваа предизвикувачка околност на одржување на Игрите за време на пандемијата COVID-19, верувам дека ХАШИМОТО Сеико е најсоодветната личност да успее како претседател и има голема доверба во нејзината способност да го насочи Организациониот комитет кон безбедни и успешни игри во Токио 2020 ова лето.