На 04 февруари 2020 во канцеларијата на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Амбасадорката Кеико Ханеда се сретна со претседателот на комитетот, Бранимир Јовановски и генералниот сектретар, Драган Дојчиноски.
На средбата ја информиравме амбасадорката, дека во моментот, нашата делегација која ќе учествува на Параолимписките игри во Токио брои 4 учесници од кои: еден спортист, еден тренер, еден лекар и еден шеф на мисија. Очекуваме во месец мај уште двајца наши спортисти-стрелци да се изборат за директна квота за учество на игрите. Потоа дискутиравме за подготовките и очекувањата од учество на нашите спортисти на Параолимписките игри 2020 година во Токио, за минатите настапи на параолимписките игри, за освоените медали, а од страна на амбасадорката ни беше претставен градот Чигасаки во перфектурата Канагава кој е град домаќин за македонските спортисти. Се разделивме со ветување за нова средба во месец јули, кога се очекува да пристигне делегација од градот домаќин на нашите спортисти Чигасаки.
Поврзани објави
ОДРЖАНА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ВО ОХРИД ЗА СПОРТИСТКИТЕ И СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ СО И БЕЗ ИНВАЛИДИТЕТ НА ТЕМА „ЗАСТАПЕНОСТ НА ЖЕНИТЕ ВО СПОРТОТ И СПОРТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“
ОДРЖАН СРЕДНОРОЧНИОТ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ GYM4ALL – ГИМНАСТИКА ЗА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОДЕЛЕНА ПЛАКЕТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА, СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА, И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РСМ