На 31.01.2020 година во Загреб, на покана и организација на Хрватскиот параолимписки комитет, беше одржан работен состанок помеѓу претседателите и генералните секретари на параолимписките комитети на: Унгарија, Словачка, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Црна Гора и домаќинот Хрватска.
На состанокот беа дискутирани повеќе теми меѓу кои: иницијатива за оргаизирање на Европски Пара Игри, субрегионлизација на европските параолимписки комитети, проблемите со кои се соочуваат националните параолимписки комитети во спортови кои се под грижа на спортските федерации (позитивни и негативни искуства), натамошна соработка и учество на спортисти на регионални натпревари во разни спортови и други прашања.
Хрватскиот олимписки комитет им додели признанија на претседателите на параолимписките комитети кои учествуваа на настанот за догогодишн успешна соработка за време на манифестацијата„Избор на најдобар спортист со инвалидност на Хрватска за 2019 година“.
Благодарност до претседателот на ХПО, воедно и на Европскиот параолимписки комитет, Ратко Ковачиќ, за прекрасната организација на настанот и гостопримството.
Поврзани објави
ДОДЕЛЕНА ПЛАКЕТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА, СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА, И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РСМ
ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИ ЗА ПОДДРШКА И АФИРМАЦИЈА НА СПОРТОТ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА ВО ИЗРАБОТКА: „HEPA guidelines for children with disabilities based on gymnastic after COVID-19“