НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРОМОВИРАНИ МЕДАЛИТЕ ЗА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО 2020

Промоцијата на ПАРАОЛИМПИСКИТЕ МЕДАЛИ ќе биде кон крајот на АВГУСТ

На една година пред почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио (почнуваат на 24.07.2019), оргнанизаторот на јавноста ѝ ги претставени медалите, направени од рециклирани уреди. Првиот показател дека медалите можат да се направат на овој начин се појави во февруари 2017 година. Тогаш, организаторите на Олимписките игри побараа од јавноста да ги донираат своите стари телефони, a потоа што за време на процесот на рециклирање, од нив беа “извлечени“ злато, сребро и бронза. На овој начин, организаторите сакаат да придонесат кон зачувување на животната средина, а оваа порака ќе биде промовирана и во текот на траењето на Олимписките игри.

Околу 32 килограми злато беа извадени од 6,2 милиони мобилни телефони, 3,5 тони сребро и 2,2 тони бронза за да се изработат 5.000 олимписки и параолимписки медали.

Дизајнот ја симболизира разновидноста и светот во кој луѓето што се натпреваруваат и луѓето се почитуваат меѓу себе. Медалите се со дијаметар од 85 мм. и 12,1 мм. во најдебелиот дел. На предната предната страна на медaлите е традиционалниот дизајн Божицата на победата, но од 1972 година, задната страна ја дизaјнира домаќинот. Медалите ја симболизираат енергијата на спортистите, како и диверзитетот на игрите, а сјајноста е симбол за топлиот сјај на пријателството. Дизајнот ја претставува и јапонската култура, каде што на лентата на која се обесени е применета модернизирана техника „ишимацу мово“ или вид на шаховски дезен, како и „касане но ироме“, односно техниката на ткаење на јапонските кимона.