На 07.12.2023 година, во Собранието на РСМ, под слоганот ” Улогата на спортот во создавање на здрав животен стил”, се одржа Самит на големи спортски имиња на спортот и спортското новинарство од Југоисточна Европа.
Организатори на настанот беа асоцијацијата на спортски новинари на југоисточна европа и Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Модератор на самитот беше Бошко Трпевски, а на говорницата говореа министерот Оливер Спасовски, претседателот на ОКСМ, Даниел Димовски, претседателот на Српскиот олимписки комитет, Божидар Маљковиќ, професорите Нано Ружин, Чедомир Саздовски и Влатко Неделновски, потоа Раде Георгиевски познат кошаркарски работник, Јура Озмец, новинар од Хрватска и генерален секретар на асоцијацијата на новинари на југоисточна европа и Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово кој во својот говор искажа голема благодарност за поканата и приликата да ги претстави резултатите на полето на развојот на спортската инфраструктура во Куманово, како и присуството на големите кумановски олимписки асови, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски, кои со своето присуство дадоа тежина на настанот.
Куманово продолжува да се развива на спортски, а
Спортистите се најголеми амбасадори на една држава, така е било и така ќе остане.
Се дискутираше како спортот уште повеќе да се доближи до младите, за градење на здрав начин на живот и развивање на витештвото, како императив во градењето на спортската култура на генерациите кои доаѓаат.
Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје изнесе загрижувачки податоци за рапидно зголемената дебелина кај младите генерации во одредени делови во Македонија од 48 проценти, што е лош показател и за санирање на состојбата потребно е да се преземат итни мерки.
Се констатира дека е во завршна фаза изработката на Национална стратегија на спортот, во подготовка од ОКСМ, која дава надеж и нов импулс во однос на развојот на спортот во РСМ.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ