НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Параолимписки игри во Лондон 2012

Објавени бројот на местата по држави за настап во стрелаштво на Параолимписките игри во Лондон 2012 година

IPC Стрелаштво на 16.01.2012 година ја објави листата на распределба на стрелачки места по држави за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012. Меѓународниот параолимписки комитет го објави списокот на 132 места од вкупно 140. Осум места се уште не се доделени и ќе бидат издадени преку бипартитната покана во март годинава, а со цел да се обезбеди еднаква глобална застапеност на државите на Параолимписките игри.

Јужна Кореја води на листата со 12 места за своите спортисти, додека домаќинот Велика Британија има 11 места, понатаму следуваат Германија и Русија на кои им се доделени по осум места.

На Република Македонија, согласно постигнувањата на спортистите на квалификациските натпревари, и припаднаа две места. Распределбата на местата по држави беше извршена по пат на математички формули кои може да се најдат во документите објавени во Водичот за квалификации за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012.

Државите учеснички имаат рок до 6 август 2012 година да ја донесат конечната одлука кои од нивните спортисти ќе учествуваат на Игрите во Лондон.

Стрелаштвото е еден од дваесетте спортови на програмата на летните Параолимпики игри.

Повеќе информации на http://ipc-shooting.org/news/2012_01_16_a.html