Меѓународниот олимписки комитет никогаш не ги наградувал со пари освојувачите на медали, но поголемиот дел од земјите ветуват награди на своите спортисти кои ќе освојат олимписки медали. Радио Слободна Европа првери колкави се паричните награди за спортистите кои на летните Олимписки игри во Лондон 2012 ќе освојат медал.
Уште од 1992 година, кога се прекина праксата на Олимписките игри да учествуваат само спортисти аматери, се воведе обичај во многу земји спортистите кои ќе освојат медали да добиваат парични награди од нивните влади, национални олимписки комитети, приватни фондации или спонзори.
Благодарение на оваа одлука, грузиски освојувач на златен медал во Лондон може да заработи 1,2 милиони долари. На освојувачите на златен медал за возврат Таџикистан им ветил луксузни автомобили. Во многу земји, освојувачи на медали имаат шанса да добијат клучеви од нов стан.
Бонусите во пари варираат од земја до земја. Додека во некои земји тешко се нуди повеќе од униформи и опрема на своите спортисти, други обезбедуваат парични суми кои во голема мера ги надминуваат нивните просечни заработувачки.
Азербејџан нуди 510.000 $ за секој освоен златен медал. Казахстан ветил по 250.000 $ на секој спортист кој ќе освои злато.
Ваква великодушност не е само одлика за локалните стандарди, сумите кои се нудат се поголеми дури и од оние во богатите западни земји како на пример во САД, кои на своите освојувачи на златен медал ќе им даделат по 25.000 $, 15.000 $ за сребро и 10.000 $ за бронза.
Руската влада на освојувач на златен медал обезбедува награда од околу $ 125.000, но од областа на Chelyabinsk регионалниот гувернер најавил дека ќе исплати милиони долари на секој локален спортист кој ќе донесе дома златен медал. Властите во Санкт Петербург ветија на спортистите од градот околу 33.000 $ за освојување златен медал во Лондон.
Иранските власти на секој освојувач на златен медал му ветија златни монети во вредност од 85.000 $. На секој освојувач на медал од Иран, државата му вети месечна плата во висина на платите на членовите на владата, до крајот на животот.
Дури и воглавно сиромашните земји од Централна Азија понудија награди за своите спортисти. Претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон истакна дека на секој добитник на златен медал, државата ќе му исплати 63.000 $. Покрај тоа, градоначалникот на Душанбе нуди еднособен стан во градот секој освојувач на златен медал, како и паричен надоместокот за освојувачи на сребро или бронза. Најголемата приватна банка во Таџикистан, Орионбанк, чиј мнозински сопственик е претседателот Рахмон вети луксузни автомобили за секој освојувач на златен медал.
Нивниот северен сосед, Киргистан, на секој спортист кој ќе освои златен медал му вети 200.000 $, а градските власти од Бишкек најавија доживотна месечна стипендија од 500 $ за секој освојувач на медал за Киргистан.
Туркменистан, единствената земја од поранешната Советска република чии спортисти не освоија ниту еден олимписки медал по распадот на Советскиот Сојуз, не најави доделување на награди за освојување на медали во Лондон 2012 година.
Белорусија, чиј претседател Александар Лукашенко очекува освојување на околу 25 медали во Лондон , од кои пет златни, ќе му исплати 150.000 $ на секој спортист кој ќе се искачи на највисокиот подиум во Лондон. На освојувачите на златни медали од Олимписките игри во Пекинг 2008 година им додели станови во Минск, но такво ветување не е дадено за игрите во Лондон 2012 година.
Домаќините на игри за оваа година не се ни одблизу толку великодушни. Велика Британија не нуди никакви бонус награди за свои освојувачи на медали, но некои од освојувачите на златен медал за Британија, можат доколку сакаат да платат $ 15,000 на Кралството Британија во замена нивниот лик да биде отпечатен на поштенски марки.
Листа на награди предвидени од страна на владати или Национални олимписки комитети на спортисти кои ќе освојат медал на Олимписките игри во Лондон 2012:
Држава злато сребро бронза
Грузија 1.200.000 $ $ 30.000 $ 20.000
Азербејџан 510.000 $ $ 255,000 $ 128,000
Казахстан 250.000 $ $ 150,000 $ 75.000
Киргистан 200.000 $ $ 150,000 $ 100,000
Италија 172,200 $ $ 92,250 $ 61,500
Белорусија 150.000 $ $ 75.000 $ 50.000
Русија 125.000 $ $ 75.000 $ 50.000
Пакистан 107,526 $ $53,763 $ 32,258
Узбекистан 100.000 $ $ 75.000 $ 50.000
Украина 100.000 $ $ 70.000 $ 50.000
Ирак 90,000 $ $ 67.000 $ 44.000
Иран 85,000 $ $ 55.000 $ 40.000
Таџикистан 66,500 $ $ 55,000 $ 44,000
Босна и Херцеговина 63,000 $ $ 47,300 $ 25,700
Франција 61,500 $ $ 24,600 $ 16,000
Молдавија 57,000 $ $ 40,650 $ 24,400
Кина 54.000 $ не е одлучено не е одлучено
Ерменија 50,000 $ $ 36.000 $ 24.000
Србија 43,000 $ $ 37,000 $ 30,750
САД 25,000 $ $ 15.000 $ 10.000
Канада 20,000 $ $ 15.000 $ 10.000
Авганистан 20,000 $ $ 15.000 $ 10.000
Германија 18,300 $ $ 12,300 $ 9,225
Македонија ? ? ?
После ова, нека каже некој дека во одредени држави не се исплати животот да му се посвети на спортот. Меѓутоа има еден сериозен проблем во целата приказна, во секоја спортска дисциплина се доделуваат само 3 медали, а учествуваат повеќе десетици спортисти. Која е гаранцијата дека токму вие ќе бидете носител на олимписки медал?
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО