Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во својата заложба да се преструктуира во модерна организација која ќе му даде можност на секое лице со инвалидност да се занимава со спорт во сите облици на негово егзистирање во рамките на параолимпизмот, одржа неколку состаноци на работна група на кои се дискутираше во кој правец треба да оди трансформацијата.
Исто така, во месец декември, беше реализирана посета на претседателот, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Драган Дојчиноски на НФСРИМ-МПК, со претседателот на Спортскиот сојуз на инвалиди на Србија, г-дин Мијаило Сариќ, како и со генералниот секретар на Параолимпискиот комитет на Србија во Белград, г-дин Бојан Јаќимовиќ.
И од двете организации бевме исклучително срдечно примени и разменивме искуства за начинот на организираноста и практикувањето на спортот на лицата со инвалидност во сите нивоа.
Секако претстои и тековно усогласување на текстот на Статутот во согласност со новиот Закон за здруженија и фондации.
Поврзани објави
РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ДАНИЕЛ ДИМОВСКИ
КОШАРКА ВО КОЛИЦИ – ПРЕКРАСЕН НАСТАН ВО БУЈАНОВАЦ
КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ – ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОДОЛЖУВА