Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, со поддршка од Меѓународниот параолимпики комитет (ИПЦ), од средствата од Грантот за развој на членките на Меѓународниот Параолимписки Комитет за 2022/2023 година, на 14-15.07.2023 година, во хотелот „Конгресен Центар“ во Охрид, организираше тематска работилница за 16 спортистки и волонтерки, со и без инвалидност, на која предавачи беа Татјана Блажевска, од Секторот спорт при Агенцијата за млади и спорт, и Бранимир Јовановски, претседател на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија.
Првиот работен ден, Татјана Блажевска имаше презентација на тема „Родово одговорно буџетирање“, додека Бранимир Јовановски на тема „Жените во спортот – предизвици и бенефити“.
Вториот работен ден, Татјана Блажевска излагаше на тема „Жената во спортот – застапеноста на жените во спортските организации“, Бранимир Јовановски на тема „Основни разлики помеѓу женскиот и машкиот пол кои влијаат на постигнување на спортските резултати“, додека Оливера Наковска Бикова на тема „Врвен тренажен процес низ призма на врвна спортистка“.
По завршувањето на презентациите и во двата работни дена, беше развиена широка дискусија од страна на присутните, беа разменети искуства и информации за застапеноста на жените како на спортските терени, така и во органите на управување во спортските клубови и во федерациите, а нашата врвна спортистка Оливера Наковска Бикова од призма на врвен спортист, дискутираше за тешкотиите, предизвиците, упорноста, обврските, но и бенефитите кои ги носи врвниот тренажен процес. Дискусијата беше надополнета од нејзиниот тренер Јовановски,кој истакна дека планирањето и спроведувањето на тренажниот процес на врвните спортистки не е така едноставна работа, особено не во системот во кој функционира нашата држава со сите предизвици со кои се соочуваме, субјективни (пред се обврски на работа и обврски во семејството на спортистките), но и објективни (застарена опрема, неможност за набавка на квалитетна муниција и оружје, недоволно средства за организирање на тренажни кампови, немање на стрелишта, особено малокалибарски…).
Темите беше доволно поучни и провокативни така да присутните предложија и кон крајот на годината, или на почеток на следната, да се организира слична тематска работилница, по можност повеќедневна, со поголем број на излагачи и учеснички на истата.
Параолимпискиот комитет веќе поднесе апликација за грант за 2023/2024 година до ИПЦ и до крајот на септември очекуваме да добиеме одговор дали истата е прифатена и дали ова работилница ќе го добие своето второ издание.
Поврзани објави
ОДРЖАН ПРВИОТ ИНИЦИЈАЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ НА ПРОЕКТОТ VIEWS (Volunteering for Inclusion and Empowerment with Sports)
ОДБЕЛЕЖАНИ 15. ГОДИНИ ОД МЕЃУНАРОДНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА ЦРНА ГОРА
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 60 ГОДИНИ ХРВАТСКИ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ