НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДРЖАН СРЕДНОРОЧНИОТ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ GYM4ALL – ГИМНАСТИКА ЗА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Од 09-11.06.2023 година, во Осијек, Република Хрватска, беше одржан среднорочниот состанок (mid term meeting) на партнерите во проектот #GYM4ALL, од Ерасмус Плус Програмата, Ко-финансиран од Европската Унија, на кој состанок учествуваа и претставниците на партнерот во проектот од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, проект менаџерот Бранимир Јоановски, и генералниот секретар на комитетот, Драган Дојчиноски.
По воведните и поздравни зборови на проект координаторот на проектот #GYM4ALL, Марио Шкегро, се премина на презентација на активностите на среднорочниот состанок, а потоа беше презентиран прирачникот „Презентација на ХЕПА тренинг модулот“ во рамките на проектот #GYM4ALL.
По презентацијата на прирачникот, беше развиена дискусија во врска со опфатените теми во истиот, при што беше заклучено дека истиот ги содржи потребните инструкции за спроведување на гимнастика за деца со различен вид на попреченост, што всушност е и цел на проектот. Во натамошниот тек на состанокот се премина на дискусија за подготовка на следните активности, односно на имплементација на тренинг модулот кој го спроведуваат три партнери и тоа Гимнастичкиот клуб Книн, СД Севница и Бартоломеј, а кој меѓу другото опфаќа: конекција на партнерите со гимнастички клубови, екипирање на салите за гимнастика со неопходни реквизити, селекција на целни групи (деца со попреченост), потпишување на родителска согласност со родителите на децата вклучени во проектот, спроведување на обуките, подготовка и пополнување на прашалник за спроведените обуки и тренинзи, како и пишан извештај на партнерите за спроведените активности.
Состанокот заврши со заедничка вечера на учесниците на проектот на која дополнително се разговараше за искуствата на партнерите во спроведување на проектот.
На 10-11.06.2023 година беа реализирани обуки за вовед и подготовки за спорт гимнастика, подготовка на локомоторниот систем за превенција од повреди во гимнастика, вежби за истегнување по завршување на тренинг, а дел од учесниците имаа можност и да го следат финалето на светскиот куп во гимнастика што се одржуваше во Осијек.