НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

НЕДОСТАСУВАА САМО 3 КРУГА ЗА ВЛЕЗ ВО ФИНАЛЕТО НА 25М – ДЕВЕТО МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА

На 02.09.2021 година на програмата беше дисциплината П3-Спорт пиштол 25м. По првите 30 истрели во прецизниот дел со 290 кругови Оливера беше второпласирана од 30 стрелци во конкуренција. После 30 истрели во брзиот дел од дисциплината со 274 кругови, односно 564 кругови во тотал, Оливера Наковска Бикова се најде на чекор до големото финале од која ја делеа само 3 круга, освојувајќи го конечното деветто место.
Честитки за Оливера, одиме понатаму, на 4.09.2021 година се стрела последната дисциплина П4-Малокалибарски пиштол слободен избор.