НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ СТРЕЛЦИ-ПАРАОЛИМПИЈЦИ НА ИСЦХ 2023 ВО ХАНОВЕР

Македонските спортисти Оливера Наковска Бикова и Александар Јовановски, тренерот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, од 28.04-06.05.2023 година учествуваат на Интернационалното првенство во стрелаштво на Хановер 2023 кој се одржува во Хановер, Германија.
На 30.04.2023 година на програмата беше дисциплината Спорт пиштол 25 метри во која настапија и двајцата наши спортисти.
По завршената прецизна стрелба (првиот дел од натпреварот) Оливера со 279 кругови се пласираше на 3-то место, додека Александар со 261 круг на 19-то, од 21 натпреварувач.
За време на вториот дел од натпреварот, (брза стрелба 30 истрели), на Оливера во четвртата серија пиштолот и направи застој и таа за да го пријави застојот по грешка пиштолот го спушти на маса, наместо да го држи во рака се до доаѓање на судијата, што беше казнето со црвен картон и дисквалификацика од натпреварот заради кршење на безбедоносни правила. Ете, грешки им се случуваат и на најквалитетните и најискусните стрелци.
Александар и во вториот дел пукаше под притисок и не успеа да постигне резултат во висина на квота за учество на Светското првенство во Лима годинава.
На 02.05.2023 година, Оливера во 09:00 ќе настапи во дисциплината П2-Воздушен пиштол жени, а во 17:00 заедно со Александар во П6-Микс Тим воздушен пиштол.