Македонскиот параолимписки тим пристигна во Олимпиското село во Лондон, вчера, доцна вечерта. Денес на 23.08. во 10:30 часот во Олимпиското село од страна на градоначалникот на селото Ms. Eva Loeffler, која е ќерка на основоположникот на параолимпизмот Dr. Ludwig Guttmann, свечено беше поздравен македонскиот тим предводен од шефот на мисија Драган Дојчиновски со кој разменија подароци.
Официјално беше интонирана химната и кренато знамето на Република Македонија. На поздравната церемонија присуствуваа и претставници на Македонската амбасада во Лондон предводени од вршителот на должност Амбасадор Г-дин Миле Прангоски, придружуван од вработените во амбазадата: Драги Ѓошевски, Фросина Костовска, Цветанка Димов и Габриела Ѓошевска. Организаторот приреди прекрасна програма, а на поздравната церемонија во исто време присуствуваа и тимовите на Ангола, Јапонија и Тајван.
Со оглед на тоа дека сеуште системот не функционира перфектно, репрезентациите влегуваат во Олимпиското село секоја минута, денес попладне ќе се обидеме да стигнеме до стрелиштето за да се запонаеме со борилиштето на кое од утре ќе започнат активностите и подготовките за настап на нашите спортисти.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО