НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ИОК издаде соопштение за Токио 2020 година

Прво, ИОК ја истакна својата солидарност со заедницата и на оние кои се погодени од кризата со коронавирус.

ИОК изјави дека, на повеќе од четири месеци до почетокот на игрите, нема потреба од драстични решенија, секоја шпекулација во овој момент би била контра-продуктивна.

ИОК ги охрабрува сите спортисти да продолжат да се подготвуваат за Олимписките и Параолимписките игри во Токио 2020 колку што можат. Спортистите ќе добијат поддршка на ИОК. Тие и нивните НОК (Национални олимписки комитети) ќе бидат консултирани и ќе ги обезбедат најновите информации, кои се достапни за спортистите ширум светот на веб-страницата Athlete365 и преку соодветните НОК и ИФ (Меѓународни федерации).

До денес, 57% од спортистите веќе се квалификувале на Игрите. За останатите 43% од местата, ИОК ќе работи со НОК за да направи неопходни и практични адаптации на нивните системи за квалификација за Токио 2020 година, во согласност со следниве принципи:

-Сите места за квота што се веќе распределени до денес остануваат распределени на НОК и на спортистите што ги добиле.

-Останува можноста да се одржат постојните закажани квалификациски настани, доколку има можност за фер учество на сите спортисти и тимови.

-Сите потребни адаптации во квалификациските системи и сета распределба на преостанатите места ќе бидат:

а) врз основа на постигнатите резултати(на пр. Ранг листата на федерациите или постигнати резултати во минатото); и

б) ги рефлектираат кога е можно постојните принципи на соодветните системи за квалификација (на пример употреба на ранг-листа или континентални/регионални специфични резултати од настани).

Секое зголемување на квотите на спортистите ќе се разгледува од случај до случај под исклучителни околности, со поддршка на Организацискиот комитет на Токио 2020 година.

Претседателот на ИОК, Томас Бах, истакна: „Здравјето и благосостојбата на сите оние кои се вклучени во подготовките за Олимписките игри Токио 2020 е нашата грижа број еден. Се преземаат сите мерки за да се заштити безбедноста и интересите на спортистите, тренерите и тимовите за поддршка. Ние сме олимписка заедница, се поддржуваме едни со други во добри периоди и во тешки времиња. Оваа олимписка солидарност нè дефинира како заедница “.

https://olympics.bwfbadminton.com/news-single/2020/03/18/ioc-issues-communique-on-tokyo-2020/

The International Olympic Committee (IOC), while continuing its consultations with stakeholders of Tokyo 2020 Olympic Games, has issued a communique on the principles established by the IOC Executive Board, together with their implementation in cooperation with all the stakeholders concerned. Badmin…