НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Државно првенство во атлетика 2009

На градскиот стадион во Велес на 12.09.2009 година се одржа Државното првенство во атлетски повеќебој (фрлачки дисциплини) за спортисти со инвалидност во организација на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Натпреварите се спроведоа во шест категории и тоа: мажи класи Ф11-Ф13, мажи класи Ф37,42,44,46, мажи класи Ф53-Ф56, мажи глуви и останата инвалидност, жени Ф42-Ф46, жени класи Ф55-Ф58. За ова првенство, по урнекот за составување на спортисти за учество на државни првенства во стрелаштво, Стручната комисија определи помал број на учесници бидејќи зазеде став на првенството да учествуваат само спортистите кои на регионалните натпревари ги исполнија пропишаните норми. На државното првенство беа постигнати следните резултати и пласмани:

Мажи класи Ф53 – Ф56

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Зоран Јовановски  Ф55  Струмица  5,16  12,20  12,30  1151
 2  Горјан Свеќанцоски  Ф56  Прилеп  4,64  12,34  10,00 994
 3  Ристо Фотевски  Ф53  Скопје  2,82  6,95  7,05  974
 4  Новча Тодоровски  Ф56  Куманово  3,71  10,33  10,20  867
 5  Трајче Стојановски  Ф55  Скопје  3,62  8,78  8,42  807
 6  Миодраг Игњатовиќ  Ф55  Скопје  3,70  9,19  7,67  802

Жени класи Ф55 – Ф58

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Вергита Сули  Ф55  Битола  3,80  6,72  7,75  1149
 2  Елизабета Тодоровска  Ф55  Куманово  3,46  7,87  6,75  1096
 3  Нурие Фаризи  Ф58  Струмица  3,55  7,15  6,01  796

Жени класи Ф42 – Ф46

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Нада Цветковска  Ф46  Куманово  6,53  16,97  18,85  1454
 2  Лилјана Мицовска  Ф46  Кочани  6,63  16,91  16,38  1394
 3  Лидија Успрцова  Ф42  Штип  4,82  14,97  9,92  1346

Мажи класи Ф37, Ф42, Ф44, Ф46

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Александар Талески  Ф46  Нов Дојран  10,05  28,67  35,22  1724
 2  Митко Орданов  Ф44  Кавадарци  8,64  25,93  26,09  1498
 3  Дејан Ѓорѓиевски  Ф46  Скопје  8,91  25,84  25,15  1439
 4  Савре Бојковиќ  Ф44  Куманово  8,87  23,11  24,09  1423
 5  Николчо Пеев  Ф37  Гевгелија  7,46  21,47  23,61  1403
 6  Васко Стефановски  Ф42  Битола  6,58  18,22  20,10  1299

Мажи класи Ф11 и Ф12

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Душко Рајковиќ  Ф11  Струмица  7,78  17,33  18,02  1355
 2  Димече Коларовски  Ф11  Крушево  6,62  19,86  19,86  1314
 3  Коце ДИмов  Ф11  Скопје  5,58  8,85  8,85  934

Мажи – глуви и останати

 р/б  Име и Презиме  Класа  Град  Ѓуле  Диск  Копје  Вкупно
 1  Фадил Асанов  општа  Велес  8,54  24,38  24,31  1375
 2  Петар Ѓорѓиев  општа  Штип  9,07  19,50  25,25  1333