Спортистите со инвалидност, особено параолимпијците стрелци, децении наназад бележат забележителни успеси и резултати, освојувајќи медали од највисоките нивоа на натпреварување, како што се Параолимписки игри, Светски и Европски првенства, Светски купови…, достојно афирмирајќи ја Република Македонија и веејќи го нејзиното знаме со звуците на македонската химна низ сите меридијани во светот.
Сето ова би било невозможно без сериозна поддршка од одредени институции и одговорните лица кои ги раководат истите.
Управниот одбор на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија донесе одлука да им додели Плакети на заслужните лица и институциите, за нивната континуирана и несебична поддршка и афирмација на спортот на лицата со инвалидност во нашата држава и пошироко.
Денес, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, им врачи Плакети на:
– Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски;
-На Министерството за внатрешни работи;
-На директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и
-На Агенцијата за млади и спорт.
Им се заблагодаривме за досегашната поддршка и залагање кое резултираше со освојување на бројни медали од меѓународни натпревари, со надеж дека соработката ќе ја интензивираме и надоградуваме во иднина.
Поврзани објави
Информативен билтен од проектот VIEWS
РАБОТЕН СОСТАНОК СО МЕНАЏЕРИТЕ НА ПРОЕКТОТ VIEWS
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, ЕНДРЈУ ПАРСОНС (ANDREW PARSONS), ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ