На 15.05.2023 година, во ДХО “Даре Џамбаз” во Скопје, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и врачи плакета во знак на искрена благодарност за поддршката и афирмацијата на спортот на лицата со инвалидност во нашата држава.
Истакнувајќи дека спортското стрелаштво има допирни точки со Министерството за одбрана, за време на кусата работна средба и се заблагодаривме на министерката за одбрана за разбирањето и директната помош што министерството ја дава во тренажниот процес и освојувањето на медалите од страна на нашите стрелци на меѓународните првенства во изминатите години, со надеж дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира и во иднина.
Го истакнавме проблемот со немање на адекватен простор за одржување на тренажен процес и натпревари во стрелаштво, пред се потребата од сопствено воздушно стрелиште, при што министерката во разговорот истакна неколку можни решенија за позитивно премостување на овој наш сериозен проблем и потреба, на чија реализација ќе работиме во периодот кој следи.
Уште еднаш, во името на нашите спортисти стрелци, освојувачи на бројни медали од параолимписки игри, светски и европски првенства, сакаме да ја истакнеме големата благодарност до Министерството за одбрана на РСМ и министерката Славјанка Петровска.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ