Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, одржа редовен-периодичен состанок со претставници на Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година. Претходно беа дополните, а за време на состанокот и дискутирани, одредени податоци на ЕТОИЛ платформата во врска со нашите спортисти и очекуваната делегација, до каде е процесот на квалификација на спортистите, број на квалификувани спортисти со директна квота до сега и од колку спортисти уште се очекува да исполнат квота за учество на игрите, транспорт на делегацијата во Париз и Шатеро, планиран внес и количина на специфични артикли во Франција, (медицински препарати, оружје и друго), и уште многу други прашања, се со цел учеството на делегацијата на нашиот комитет да биде што е можно подобро испланирана и спроведена.
На состанокот присуствуваа:
-нашиот регионален координатор Max Seelen,
-континенталниот раководител на одделот за акредитации, Lorena Villanova, како и
-националниот координатор за акредитации, Tom Halphen.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ