НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ГОЛБАЛ “А” ДИВИЗИЈА

Од 08-16.12.2023 година, во спортскиот комплекс Верде во Подгорица, Црна Гора, во организација на Параолимпискиот комитет на Црна Гора се одржува Европско првенство во голбал на “А” дивизијата, на кое настапуваат најдобрите 10 екипи во машка конкуренција и надобрите 9 екипи во женска конкуренција од стариот континент.
Првопласираните репрезентации во машка и женска конкуренција добиваат директна квота за учество на Параолимписките игри во Париз 2024, а двете последни екипи се селат во “Б” дивизијата за следната година.
На покана на организаторот, претседателот и генералниот секретат на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, присуатвуваа на отварањето на овој спортски спектакл, заедно со колегите од Параолимписките комитети на Србија, Зоран Миќовиќ и на Босна и Херцеговина, Сабахудин Делалиќ.
Првенството свечено го отвори министерот за спорт и млади и потпретседател на Владата на Република Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, а поздравни говори имаа и претседателот на ИБСА, Илгар Рахимов, претседателот на Европскиот параолимписки комитет, Рејмонд Блондел, како и претседателот на ПКЦГ, Игор Томиќ.
На коктелот по завршување на церемонијата на отварање, претседателот на ПКСМ, Бранимир Јовановски оствари средба со претседателот на ЕПК, Рејмонд Блондел, при што го запозна со работата на комитетот и тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваме како комитет во реализација на програмските активности, воедно афирмирајќи ги постигнувањата на македонските спортисти на меѓународната сцена.

[Best_Wordpress_Gallery id=”484″ gal_title=”golbal2023″]