НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

9th Fazza International IPC Athletics Grand Prix Competition

9th Fazza International IPC Athletics Grand Prix Competition

Dubai, UAE 14 – 20 March 2017

Благодарение на воспоставената соработка со Клубот за спорт на лица со инвалидност од Дубаи и нивниот претседател г-дин Тхани Јума Берегад, Македноскиот параолимписки комитет беше поканет да учествува на деветиот FAZZA Grand Prix натпревар во атлетика под покровителство и платени трошоци за сместување и престој од страна на организаторот. Претседателот и генералниот секретар беа поканети на состанок и договор за натамошна соработка која опфаќа заеднички подготовки на нашите спортисти во Македонија (кревање на товар, атлетика…), евентуална донација на опрема, како и можна покана за учество на натпревари во Дубаи во иднина со покривање на трошоци од нивна страна.

Во спортскиот дел учествуваа селекторот Крсто Серафимовски и атлетичарот Александар Талески кој беше повикан на рекласификација од страна на IPC. Ифраим Љута не можеше да направи класификација и покрај сите напори и дописки кои ги направивме со раководителот на IPC за атлетика, бидејќи од комитетот инсистираа на натпреварувач кој има статус НЕ (not eligible) да се достави медицинска документација со промени на состојбата најмалку 3 месеци пред првенството, а ние поканата од Дубаи ја добивме на само 1 месец пред првенството.

Како и да е, Александар направи тренинг, и на класификацијата, согласно изменетите пропозиции на IPC и нему не му е дозволено да настапува поради една парадоксална причина, но составен дел од правилникот за категоризација.

Тој настапи вон конкуренција освојувајќи го 5-тото место од девет натпреварувачи во копје со резултат од 36,06 метри. Првопласиран беше Синг Сундар Гурјар од Индија со 60,33 метри, второпласиран Такуја Ширамаса од Јапонија со 49,71 метри и третопласиран беше Акихиро Јамазаки од Јапонија со 46,31 метри.

Клубот од Дубаи изгради нов сопствен атлетски стадион и ова беше негово свечено пуштање во употреба. Прекрасно спортско катче, мултифункционално и комплетно адаптирано за лица со инвалидност. Соработката со клубот продолжува кон крајот на месец мај кога очекуваме нивните спортисти да дојдат во Македонија на тренинг.